Стил

Сомот во машката мода зема големо влијание

Напишано од Mr. M

Понекогаш е малку конфузно која мода треба да се следи, но кога станува збор за седумдесетите тогаш дефинитивно сомотот се враќа на голема врата. Не само сомотските панталони туку и многу други парчиња облека со овој материјал се вклопија во денешната мода. Од сакоа и кошули се до сомотски капи. Но, освен во карактеристичната кафена боја сега сомотот може да се најде во многу бои и нијанси.

Related image

Сомотската кошула може да ја искомбинирате со класични фармерки, обична маица и чизми па добивате идеален street style. Кога станува збор за костум, одберете квалитетен сомот. Можете да го носите во тегет, темно зелена или бордо боја. Кошулата под него нека биде со слична нијанса или боја од палета која се согласува со бојата на костумот. Ако сакате да излезете од класичните фармерки ова е идеална прилика. Сомотските панталони може да прилегаат добро во безброј комбинации.

Related image

За да одите на сигурна карта нека бидат стрејт или слим, но излезете од кафената боја и пробајте и други нијанси. Зелени, сини па дури и црни сомотски панталони се полн погодок за совршен стајлинг. Јакните искоминирајте ги со еднонојни панталони со поедноставна текстура. Без разлика дали под неа носите џемпер, ролка, дуксер или обична маичка, сомотската јакна е парчето кое ви недостасува во гардероберот.

За авторот

Mr. M