Технологија

Sony го оживува Walkman со два нови модели

Напишано од Mr. N

„Sony“ ќе објави нова верзија на легендарниот „Walkman“, во чест на 40-годишнината од овој класичен преносен музички плеер.

На „Sony NW-A100TPS Walkman“, сепак, нема да можат да се слушаат касети, но однадвор ќе има изглед на оригиналниот „Walkman“, со што „му се оддава почит на првиот преносен плеер за касети на ‘Sony‘“, кажаа од јапонската компанија.

Тој ќе има 3,6-инчен HD екран и меморија од 16 GB и доаѓа со сите модерни додатоци, како USB приклучок и бежичен интернет и Андроид за стримање музика. Неговата батерија ќе трае неверојатни 26 часови.

За разлика од некогашните „Walkman“ серии од 150 долари, новата верзија во Европа ќе чини околу 440 евра.

За авторот

Mr. N