Стил

Сопруг, татко и бизнисмен… Зошто Мариано Ди Ваио е омилениот инфлуенсер на најголемите модни брендови?

Напишано од Mr. M

Еден од најпознатите машки инфлуенсери денеска е легендарниот италијанец, Мариано Ди Ваио. Тој е заштитно лице и бренд амбасадор на голем број на светски брендови и бил дел од најпознатите нивни кампањи. Без разлика дали станува за гардероба, модни додатоци или производи за нега.

Последната соработка која што тој имаше е со Dolce & Gabbana Beauty каде што тој беше одбран како заштитно лице на новиот парфем кој што го лансираше компанијата, K by Dolce&Gabbana.

Маж, татко и претприемач, Мариано е крал на квалитетниот животен стил и неспорен избор за новата кампања за машкиот парфем на Dolce & Gabbana.

Веќе со години важи за еден од најмодерните мажи кои водат квалитетен животен стил, како на големите екрани, така и во приватниот живот.

За авторот

Mr. M