Бизнис совети

Совети за одлична конверзација во деловниот свет

Напишано од The Gentleman

Просечниот човек ја губи концентрацијата веќе после 8 секунди, велат експертите. Според тоа, имаме многу малку време да останеме забележани во некои клучни ситуации како што се разговорите за работа, состаноците и преговорите.

Сајтот Levo League дава клучни совети како да му останете на некого во долго секавање…

Користете приказна која поврзува

Кога некој ќе ве праша што работите немојте само да испеете „Петар Петровски, јас работам тоа и тоа“. Наместо тоа, искористете некоја приказна која ќе ве поврзе со тоа лице, која дава некаков вистински увид во тоа кој сте вие, објаснува Аманда Марко, консултант за стратешки комуникации за „Entrepreneur“.

Исфрлете го (деловниот) жаргон

Се е во тоа да знаете кој е тој на кој што му се обраќате. Немојте да користите техники или изрази врзани за професијата, освен ако лицето со кое разговарате работи во истата индустрија како и вие, и ја познава работата и стручните термини од таа област. Ако говорите јасно и разбирливо, вашите реченици на сите ќе им останат во сеќавање.

Додадете некоја анегдота

Истражувањата на Стенфорд покажуваат статистики дека некој повеќе време поминува во разговор кога ќе додаде некоја анегдота. Хуморот и насмевката ги поврзуваат луѓето и тоа, според податоците, за дури 65-70 проценти, пишува Форбс.

Истакнете нешто заедничко што имате

Доколку се испостави дека имате заеднички познаници, или дека сте учеле во исто училиште, или на ист факултет, полесно ќе ве запамети. Тоа може да биде и заеднички омилен магазин, или мислење за некој. Пронајдете ја клучната работа која ве поврзува и на добар пат сте.

Споделете комплимент

На крај, да не заборавиме – луѓето најдобро ќе запаметат како се чувствувале покрај вас. Толку е просто и едноставно. Реален, вистински комплимент гарантира топла, пријателска атмосфера. Држете се до комплиментите кои се поврзани со работата, а не личните, со цел да не бидете погрешно сфатени. Одлична презентација, одличен коментар на состанокот, одлично познавање на работите……

За авторот

The Gentleman