Бизнис совети

Совети за врвна организација на вашето време

Напишано од The Gentleman

Некој сака денот да трае бар 48 часа. За да може да заврши се што сака. Денеска времето чини многу, и најголемиот проблем е што многу од нас немаат време да успеат да ги завршат сите обврски во текот на денот. Затоа е многу важно да направите квалитетно планирање на времето со цел да бидете повеќе продуктивен. Пред да почнете да управувате со времето, мора да научите колку е важно времето.

Нашето времето ние го креираме, а се што креираме можеме да го менаџираме. Време е да се отстрани секоја само-саботажа или само-ограничување што го имате околу “немате доволно време” или денес не е “вистинско време” за да започнете бизнис или правилно да управувате со вашиот тековен бизнис.

Постојат само три начини да поминете време: мисли, разговори и акции. Без оглед на видот на бизнисот што го поседувате, вашата работа ќе биде составена од овие три елементи.

Направете табела во која ќе видите колку од времето трошите на овие три активности во текот на една недела

Користете календар за запишување на времемето поминато на разговори, проекти и активности за една недела. Ова ќе ви помогне да разберете колку можете да направите за време на еден ден и каде ќе одат вашите драгоцени моменти.

Вклучете се во мислите, активностите и разговорите.

Планирајте да потрошите најмалку 50 проценти од вашето време ангажирани во мислите, активностите и разговорите кои произведуваат најголем дел од вашите резултати.

Земете ги првите 30 минути од секој ден за да го планирате денот.

Земете ги првите 30 минути од секој ден за да го планирате денот кој што ви следува Не започнувајте го денот додека не го комплетирате вашиот временски план.

Нека светот знае дека си зафатен.

Стави го знакот “Не вознемирувај” на вашата врата, порака на вашата е-пошта и намесетете го вашиот телефон да “не вознемирува” кога апсолутно мора да завршите со работа.

Блокирајте ги другите одвлекувања.

Блокирај го Facebook, Instagram и каква било форма на социјални медиуми, која има тенденција да одзема вашето време и внимание.

За авторот

The Gentleman