Водич за готвење

Совршен избор на ужина за секој работен ден

Напишано од Nikola

Потребна ви е дополнителна енергија во текот на работниот ден? Пробајте чоколадно смути со путер од кикирики, благодарение на Мајк Расел, советникот за нутриционизам. Целиот оброк е исполнет со протеини, влакна и антиоксиданти, а најважното е дека содржи скоро иста количина на јаглехидрати и масти.

Поради тоа, тој нема само да ве заштити, туку и ќе направи да уживате во секој залак, притоа внесувајќи 347 калории.

Уште една добра вест е тоа што оваа ужинка може лесно да ја носите секаде со вас.

Подготовка:

Во својот блендер додадете вода по своја желба, една чаша е сосема доволна, но доколку сакате вашето смути да биде погусто, слободно може да ставите помалку вода.

Потоа, додадете две лажици ленено семе и една лажица какао во прав. Во блендерот додадете го путерот со кикирики, за на крај да го исполните вашиот совршен доручек со протеин со вкус на чоколадо.

 

 

За авторот

Nikola