Водич за патување

Совршен куфер за вашата следна летна дестинација

Напишано од Mr. N

Сигурни сме дека откако ќе го видите денешниот избор за куфер, истиот ќе ви стане придружник на секое ваше патување. Се работи за Floatti – првиот паметен куфер!

Сите сме запознаени со можностите на стандардните куфери кои имаат само една цел – да ни ги транспортираат личните предмети.

Floatti располага со интегрирана рачка за прицврстување на вашата чанта или ранец на врвот на куферот, со што ви овозможува другата рака да ви е слободна за билетите, пасошот или други патни потреби.

Овој паметен куфер располага со лесен, тенок и монтажен полнач за вашиот мобилен телефон кој може да го надоградите со полнач за лаптоп.

Уште една опција која го прави овој куфер посебен е можноста да ги контролирате најкористените опции на вашиот телефон само преку паметната рачка на куферот.

Од она што го прочитавте, сигурни сме дека штом еднаш го понесете со вас овој паметен куфер, ниедно патување веќе нема да е исто!

 

За авторот

Mr. N