Водич за патување

Совршени европски дестинации за одмор на крајот од летото

Напишано од Mr. N

Крајот на летото несомнено е еден од најпопуларните периоди за патување и одмор.

Иако летната сезона згаснува, времето е сè уште топло и пријатно, природата бујна и зелена, а почетокот на учебната година се чини далеку.

За многумина, почетокот на септември е последната шанса да искористат уште еден последен одмор пред крајот на топлите денови.

Затоа, за вас одвоивме 5 одлични дестинации во Европа за септемвриско опуштање:

Форментера, Шпанија

Заедно со Ибица, Форментера се смета за прекрасен остров што секој сака да го види барем еднаш во својот живот. Цените обично се проблем (заедно со толпата), меѓутоа Форментера е вистински рај во септември, а летовите се со многу попристапни цени.

Фавињана, Сицилија, Италија

Островот Фавињана неодамна го крунисаа за една од најпосакуваните дестинации од страна на Италијанците и странците. За жал, во втората половина на август е тешто пристапна и е речиси невозможно да се најде хотелска соба, освен ако не сте биле доволно мудри да го резервирате своето место уште во февруари. Затоа во септември, откако сите си заминале, Фавињана ја изведува својата магија и станува уште поубаво.

 

Дубровник, Хрватска

Хрватска има неоткриена убавина за која што не можете ни да сонувате (освен ако не сте биле таму, се разбира). Дубровник е апсолутна кралица на земјата, со своите сини води, врвната храна која е особено евтина надвор од високата сезона. Ако ја посетите, можете исто така да одите на малиот остров Локрум, веднаш до Дубровник: ќе бидете само вие и пауните.

 

Истанбул, Турција

Еден од најмистериозните градови на планетата, Истанбул ги премостува Европа и Азија, а е најдобар за посета во септември. Климата е умерена, плажите не се толку преполни (го препорачуваме малиот остров Кизил Адалар), а откривањата на многуте убавини на овој град сигурно ќе биде вистинско уживање за вас.

Родос, Грција

Истата приказна: туристи од целиот свет доаѓаат во Грција – треба да бидете благодарни што земјата има околу 100 острови, во спротивно каде би се сместиле? За да луѓето што помалку се мешаат во вашиот личен простор, септември е идеално време за посета. Го избравме Родос, бидејќи е еден од најголемите грчки острови, со рекорден број на туристи во август. Плажите (познати како едни од најубавите во светот) ќе бидат само ваши во септември, а летовите ќе бидат значително поевтини!

За авторот

Mr. N