Фитнес

Со Spinning® сесија и Slackline натпревар во одржување баланс викендов во спортска атмосфера се одржа HFWE #5

Напишано од Mr. M

Со насмевка и во спортски дух, викендов се вртеше велосипед и се одеше на лента на петтиот по ред Health, Fitness & Wellness Expo кој се одржа во Работнички Градски Парк. Единствениот Spinning® центар во Македонија, Спорт Инн во сорабтока со Институтот Џанго и здружението Стопли срце за луѓето од ранлива категорија покажаа дека сите заедно може да спортуваат преку нивната Spinning® програма, часот беше насловен како Spin it like it’s hot.

„Во соработка со Институт Џанго сакавме да покажеме дека во општеството сите сме еднакви, а различни. Дефинитивно во спортот нема граници. Ние сме отворени за сите и со настанот дадовме пример како е да се дружите сите заедно и да вежбате преку Spinning® програмата“ вели Искра Китанчева од Спорт Инн.

Вториот ден Спорт Инн го посветија на slackline натпреварот во одржување на баланс на лента, дисциплина која е светски хит и се користи за забава, вежбање и одржување рамнотежа на своето тело.

„Let’s get physical беше натпревар за сите посетители за кои немавме поставена возрасна граница, бидејќи сите треба да ја почувствуваат возбудата од одење на Slackline лента. Победи најдобриот кој успеа да одржи рамнотежа дури 15 секунди на лентата, што навидум изгледа лесно, но треба добра концентрација и конекција помеѓу телото и умот “ додаде Виктор Бојаџиев од Спорт Инн.

 

За авторот

Mr. M