Кариера

Според жените: Што го прави еден маж, џентлмен?

Напишано од Mr. M

Џентлмен пред се немора да значи дека станува збор за некој отмен господин со многу пари и манири и не е некој кој се докажува и фали со неговите манири. Џентлмен е оној кој прави жената да се чуствува сигурно, почитувано и сакакно.

Богатство

Парите не се се! Секако дека се добредојдени, но на жените не им е потребно да излегуваат во хотел со пет ѕвезди, кавијар и сл. Тие сакаат да бидат однесени на некое пријатно и романтично место каде што ќе може да се опуштат и да разговараат и за поклон да добие некоја ситница која што само самиот маж ја направил. Внимателен маж, на кој не му е тешко да се потруди.

Манекен

На жените не им треба маж кој поминува повеќе време во купатило во средување од самите нив. Кај мажите е важно да бидат чисти, убаво да мирисаат и да изгледа културно во она што го носи.

Убаво да збори

Ако знаете убаво да зборите и паметно ги бирате зборовите, вие имате предност кај жените. Убавите зборови често може да бидат заборавени ако вие не стоите позади нив. Ветувањето не важи ништо ако не го исполнувате. Џентлмените имаат совесност и одговорност.

За авторот

Mr. M