Спортски вести

СПОРТСКИ ВЕСТИ: Вардар останува силен

Напишано од Пјер

Пред неколку денови долгогодишниот сопственик на Вардар Сергеј Самсоненко и почесниот претседател Михајло Михајловски имале состанок со играчите каде ветиле дека Вардар ќе остане силен и дека 80% од играчите ќе останат, но оние кои веќе имаат договор со други клубови ќе си заминат.

Михајловски вели дека моментално е во завршни разговори со неколку компании кои ќе финансираат во клубот, но исто така потврди дека тој нема намера да биде дел од сопственичката структура. Сергеј Самсоненко треба да остане финансиер на клубот со помош на други компании, но и од институциите.

Се споменуваат државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО како спонзори.

Останува да почекаме уште некој ден да ја дознаеме судбината на Вардар.

За авторот

Пјер