Стил

Стилот на Трифун Костовски

Напишано од Пјер

Вистински господин. Џентлмен во вистинска смисла на зборот. Човек кој освојува со својата харизма, едноставност.

Трифун Костовски е добитник на наградата за Маж со трајни вредности на првиот официјален избор на Мажи на годината во Македонија.

Уште на самото појавување човекот кој е познат по хедонистичкиот живот се појави со пура. Нешто што го отсликува низ годините. Голем и страствен љубител на пурите. Едноставно неразделив е.

Облечен во преубаво одело, во комбинацја со бела кошула, во придружба на неговата сопруга, изгледаа феноменално на црвениот килим. Добриот начин на облекување е негов заштитен знак кој го одбележува.

Во текот на целата вечер, господинот Трифун Костовски ги покажуваше своите големи манири. При добивањето на наградите во свој стил ги поздрави водителката и девојката која му ја додели наградата. Оддржа говор кој никого не остави рамнофушен.

На крајот на вечерта во негов голем стил тримфираше, пеејќи една негова песна. Играјќи на подиумот од сцената со својата сопруга Павле Камиловски ја отпеа специјално за него My Way од Френк Синатра.

На крај Трифун Костовски е еден од оние МАЖИ од кои секој маж треба да учи.

За авторот

Пјер