Стил

Стилски водич: Предлог комбинации за младите матуранти

Напишано од martin

Пристигна месец април, месецот во кој полека започнуваат припремите за матурите. Завршувањето на средното образование е една од поважните етапи во животот која вреди да ја прославите како што треба, бидејќи тоа се денови кои се паметат засекогаш. Токму за матурата, матурантите секогаш се трудат да изгледаат елегантно, но сепак во младешки стил.

Веќе неколку месеци, нашиот тим постојано соработува со City Fashion мултибренд продавницата која се наоѓа во Скопје Сити Мол и ГТЦ и која е сопственик на голем број на високо квалитетни светски брендови.

Па по повод матурите, повторно сме тука да бидеме вашиот стилски водич и да ви предложиме неколку модни комбинации заедно со City Fashion. Во овој наш водич ќе можете да видите 10-на модни комбинации кои ќе направат да бидете впечатливи не само за матурката вечер, туку и за вечерните излегувања кои доаѓаат.

Денеска за вас одвоивме два предлога кои се надеваме ќе ви се допаднат.

Топлата сезона е исполнета со различни бои, па баш поради таа причина може да видите и поколоритни комбинации. Неколку типови на панталони, кошули со различни дезени и сакоа кои ви ја нудат потребната елеганција.

Во поголемиот дел од комбинациите можете да видите дека не ги изоставивме и модните додатоци како што се  марамчиња и вратоврски кои важат за неизбежни во ваквите комбинации.  Исто така големо внимание треба да обрнете и на чевлите, бидејќи тие се првата работа која луѓето ја забележуваат. Во овие комбинации искористивме различни типови на чевли од City Fashion кои одлично се вклопија во комбинациите.

Сакаме да ве известиме, дека од денеска па во наредните две недели, Friday.mk во соработка со мултибренд City Fashion ќе го води овој стилски водич, каде што може да видите уште модни комбинации, различни совети за комбинирање на бои, чевли, типови на сако и сл.

Следете не и ви гарантираме дека ќе имате впечатлив изглед за вашата матура!

За авторот

martin