Стил

Стилски водич за мажите: Како да изгледате за оваа есен?

Напишано од Mr. M

Хамбуршкиот моден бренд ТОМ ТЕЈЛОР лансираше нова колекција Есен/Зима 2019 со ретро – класична нота. Модните парчиња со “винтиџ“ стил, инспирирани од модни елементи и силуети од 1970 година, потсетуваат на минатото и будат носталгија. Колекцијата прикажува возбудлив контраст – современи технолошки трендови во комбинација со новата поврзаност со природата. Модната колекција преку функционалните ткаенини, впечатливите бои и техничките детали, е резултат на инспирацијата од зимските спортови на отворено, овозможувајќи студена сезона со стил.

Колекцијата Есен/Зима 2019 од модниот бренд Том Тејлор нè носи на патување низ минатото. Класичниот дизајн и висококвалитетните материјали, од волна до тексас, го дефинираат карактерот на колекцијата, а клучно модно парче во неа се панталоните со различни кроеви. Модните парчиња за претстојната сезона се шик, а воедно елегантни и префинети. Спортските елементи создаваат стилски акценти кои нè придружуваат низ најстудените денови од годината.

Колекцијата Том Тејлор за мажи започнува со навраќање во минатото во Њујорк, во берберница од шеесеттите и седумдесеттите години. Грубата кожа и цврстиот тексас го пренесуваат автентичниот и типичниот американски стил на живот. Тесните фармерки во темна индиго или црна боја во комбинација со тексас јакна во сива или сина боја создаваат совршен класичен “деним“ тандем.

За опуштен изглед, тексас јакните одлично се комбинираат со сиви и сини фармерки. Модниот додаток со разнобоен конец додава декоративен ефект на половината. Карирани кошули, маички и ситно плетени џемпери во шарени и впечатливи нијанси му даваат живост на стилскиот моден израз. “Слим фит“ – карираните јакни или ретро елеците создаваат уникатно “винтиџ“ чувство и се клучни за постигнување драматичен берберски имиџ. Кај колекцијата за мажи од Том Тејлор, исто така се истакнува трендот на активности на отворено, бришејќи ги границите помеѓу функционалната гардероба и модерниот секојдневен стил на облекување. Техничките детали од функционалната гардероба се основа на овој изглед давајќи спортски примеси преку ситно плетените џемпери со качулки. Класичните парчиња, како светло портокаловите ролки – џемпери, го освежуваат и комплетираат спортскиот стајлинг, а снежно белите поларни дуксери со шари или пак плетените џемпери со норвешки дезен дополнително го разубавуваат изгледот.

Колекцијата Есен/Зима 2019 од ТОМ ТЕЈЛОР е достапна од јули 2019 година, а сите заинтересирани може да го одберат своето омилено модно парче во продавниците на ТОМ ТЕЈЛОР
и на страницата за онлајн купување www.tom-tailor.de.

За авторот

Mr. M