Технологија

Светот на технологијата во 2020… 5 работи на кои треба да внимаваме

Напишано од Mr. M

Светот на технологијата се менува брзо, и така секоја последователна генерација на компјутери, паметни телефони и други гаџети е значаен чекор напред од претходниот. Затоа денеска ќе напишеме неколку работи на кои треба да внимаваме кои ќе бидат во тренд оваа година во светот технологијата.

Нов тип на батерии на паметните телефони- Нема сомнение дека најголемиот проблем со денешните телефони, таблети и лаптопи е траење на батеријата. Литиум-јонските и полимерните батерии го достигнаа врвот на нивниот развој. Во 2020 година пристигнуваат уреди со графинска батерија. Овие батерии се неколку пати полесни, имаат поголем капацитет од постојните батерии и се полнат за помалку од половина час.

5G технологија- 5G досега беше „срамежлив“, со ограничена достапност за мал број на корисници. Повеќето нови уреди ќе имаат 5G можности оваа година, а новите мрежи се очекува да бидат достапни секаде каде што е присутна 4G технологијата.

Моќни камери- Навикнати сме на камери од 20 или повеќе мегапиксели. Новите паметни телефони, па дури и паметните телефони од среден дострел, ќе имаат 32-и 64 мегапикселни фотоапарати и флегшип модели со 108 мегапиксели.

АР станува стандард- Зголемената реалност (АР) веќе е во употреба во автомобилската и воздушната индустрија, а новите уреди како „Leap Motion“ ќе ни донесат можности за AR како за „обичните“ корисници така и за индустријата за забава.

Дронови- За кратко време, дроновите станаа најголем хит во светот. Новата генерација на овие беспилотни летала ќе има роботски и независни функции, ќе можат да летаат сами без волан од земја, како и да избегнат пречки, а во случај на губење на сигналот – да се вратат сами дома.

За авторот

Mr. M