Технологија

Техномаркет отвори нов салон во Аеродром

Напишано од Mr. N

Големиот продажен ланец за техника Техномаркет, денес го отвори својот нов салон сместен на самиот почеток од населбата Ново Лисиче, во општина Аеродром.

Брендот Техномаркет на нашиот пазар се појави во 2003 година и многу брзо изгради реноме на место каде може да се набават квалитетни и современи технички производи од светски познатите марки – Panasonic, Sony, Philips, Elektroluks, Roventa и мноштво останати.

Новиот салон, којшто се отвори денес, се простира на два ката и има навистина голема понуда на квалитетни прозводи од белата техника, компјутерската техника и аудио и видео сегментот. Посетителите ќе можат да набават дел од производите со дополнително намалени, промотивни цени, како дел од понудата достапна само за оваа прилика.

„Техномаркет“ е компанија со долгогодишна традиција, со продажни места ширум земјава кои ги следат светските стандарди и трендови за техника. Затоа, не му ја мислете многу, посетете го новиот салон. Сигурни сме дека ќе најдете производи со добри попусти.

За авторот

Mr. N