Апликации

Tinder наскоро со можност за видео јавувања

Напишано од The Gentleman

За сите љубители на апликацијата Тиндер која се прослави во светот по можноста за наоѓање на секс партнер, сега има можност и за Face to Face јавувања.

За воспоставување на видео разговорот не е потребна размена на телефонски броеви, а по воспоставувањето на повикот, екранот на апликацијата ќе се подели на дел, во кој повикувачот се гледа самиот себе и друг дел, на кој го гледа оној што го повикал. Face to Face опцијата моментно се тестира во повеќе земји, меѓу кои се и САД, Австралија, Бразил и Франција, но не им е достапна на сите корисници, туку само на одредена група.

Пред опцијата да стане достапна до поширок круг на корисници, ќе се тестира техничката стабилност на видео повиците, и колку серверите се способни да го издржат оптоварувањето. Постојат одредени услови кои двата корисника на Face to Face опцијата мораат да ги остварат. Како прво, двата корисника мораат да потврдат дека сакаат да воспостават видео повик и не смее да има содржини за возрасни, ниту какви било референци на говор на омраза, насилство и илегални активности.

Значи Тиндер прераснува во само обична апликација за дружење.

По завршувањето на повикот, на корисниците им се нуди можност повторно да воспостават повик или евентуално доколку постоеле проблеми, да го пријават другиот корисник. Како дополнителна мерка за сигурност, во Tinder ја истакнуваат примената на блокирање на можноста на снимање на содржината на екранот, што засега е многу полесно да се имплементира на Android уредите, отколку на iOS.

За авторот

The Gentleman