Љубов

Типови на жени со кои не би сакале да завршите

Напишано од The Gentleman

Како што жените бираат што е најдобро за нив, така и вие имате право да бирате која жена е најдобра за вас. Не се сите девоки заинтересирани за озбилна врска, а некои и не се свесни за тоа. Еве од кои треба најмногу да се пазите.

Шефица

Таа е организиран и сериозна, знае што сака и знае што треба да прави. Ако сте маж кој не поднесува многу некој друг да му ги организира работите, тешко дека ќе успеете со таква девојка. Вие секогаш ќе бидете љути и ќе се карате со неа.

Моделарка

Таа сака да те обликува. Ги знае твоите потенцијали и можности и ќе сака да направи подобра верзија од вас. Жените знаат да успеат во ова и да го направат мажо да биде самостален и одговорен, но најчесто тие прават отпор на мажите и сакаат да им тераат инат. Тие се паметни, убави, позитивни, но секогаш ќе ти наоѓаат мани и нема да бидат секогаш задоволни, па тоа може понекогаш да ве изнервира.

Љубоморни

Љубомората не може долго да се поднесе. Таа го уништува односот и почитта. На тие личности им треба помош.

Онаа која живее само за тебе

Ако бидете центар на нејзиниот свет, не е толку добро. На почетокот ќе ви биде убаво, но за брзо време ќе видиш дека она те гуши.

Онаа што сака забава

Таа сака забава, па седењето дома и гледање филмови ќе и здосади и ќе и створи немир. Потоа ќе почне да излегува, а кој навечер лудува, преку ден спие. Како да најдете потоа баланса со неа…

Сака внимание

Неа и е најважно да биде во центарот на вниманието. Таа е забавна и слатка и секогаш сака да и давате комплименти. Тоа за брзо ќе ви здосади и ќе разберете дека таа е емоционално нестабилна.

За авторот

The Gentleman