Најново

Тизер видео на Samsung за новиот смартфон со флексибилен екран

Напишано од Nikola

Samsung продолжи да ја возбудува јавноста околу претставувањето на најновиот смарфон на преклопување.Компанијата денеска пушти во јавноста видео тизер со кој што ни дадоа малку повеќе информации за најновото од Samsung. Исто така на Инстаграм се појави и фотографија од страничниот дел. Очекувањата во јавноста се огромни кога се работи за овој телефон.

Според она кое што можевме да го видиме, новиот телефон ќе има флексибилен, едноставен и рефлектирачки екран.

Останува да чекаме до 20 Февруари, кога ќе биде официјално претставен во Европа.

За авторот

Nikola