Метрополи

Токио е прогласен за најдобар град за живеење

Напишано од The Gentleman

Токио е на врвот на листата на најдобри градови во светот според „Global Finance“. Јапонската престолнина е пред Лондон, Сингапур и Њујорк и заврши на прво место според низа фактори кои се користат за одредување на квалитетот на живот во секој град.

Оваа година во мерките влегоа и смртните случаи како резултат на Ковид 19, а помеѓу другите мерки се и оне за економска сила, истражување и развој, културна интеракција, животна средина, и ред други.

Високиот животен стандард во Токио е резултат на силната држава и справувањето со Ковид 19 на еден импресивен начин. Ако се земе Ковид влијанието на градовите, оваа година од топ 10 лсиатат испаднаа Милано кој сега е 40 место, Барселона која е 38, и Мадрид кој е на 35 место.

Во топ 10 градови оваа година се и Мелбурн, Франкфурт, Сеул, Париз, Берлин и Сиднеј.

 

За авторот

The Gentleman