Спортски вести

Том Брејди со својата 7-ма титула во НФЛ

Напишано од The Gentleman

Најдобриот играч во американски фудбал на сите времиња Том Брејди ја освои својата 7-ма титула со Тампа Беј Буканерс. Том Брејди кој и онака е веќе за во пензија им покажа како се игра на далеку помладите од него.

Буканерс ја однесоа победата од 31:9 над бранителот Канзас Сити Чифс. Том им покажа дека годините се само бројка, па на 43 години блесна во големото финале и ја предводеше екипата до невната втора титула во НФЛ.

Брејди во своето 10-то финале во кариерата диригираше на домашниот терен во Тампа за освојување на седми шампионски прстен, додека по петти пат беше избран за МВП на финалето.

Ваква легенда не се памети во светот на спортот.

Том Брејди е сопруг на Жизел Бундшен познатиот топ модел.

За авторот

The Gentleman