Стил

Том Холанд како модна инспирација за помладите мажи

Напишано од Mr. M

Кога бараме модна инспирација секогаш прво ни текнува на познатите актери, пеачи кои се пример за многумина и кои ги носат модните трендови насекаде низ светот. Денеска за пример ќе го земеме младиот актер кој го глуми Спајдермерн, Том Холанд.

Тој се најде на листата на најдобро облечените мажи за оваа недела според магазинот GQ и навистина неговата модна кобинација ни остави впечаток па решивме да ја споделиме со вас.

Се повеќе мажите низ светот сакаат на момент да се тргнат од оние формални комбинации па често се одлучуваат костумот да го комбинираат поинаку. Том Холанд се решил класичниот црн костум да го искомбинира со едноставна црна маица. Доброто во оваа комбинација е тоа што иако нема кошула, таа повторно има доза на елеганција и софистицираност.

Tom Holland

За авторот

Mr. M