Љубов

Топ 5 места за прв состанок со девојка

Напишано од The Gentleman

Кога станува збор за првиот состанок со девојка, секогаш многу размислуваме и се трудиме да одбереме некое уникатно место. Локацијата е доста важна за првиот состанок и преку неа може да оставите впечаток дека сте дечко кој има вкус.

Денеска ќе ви претставиме 5 места за одличен прв состанок со девојка.

Пикник во парк

Ако сакате романтика и убаво дружење, тогаш пикникот во природа е одличен избор за вас. Сепак, пред да се одлучите на ваков потег мора да видите дали девојката е заинтересирана за нешто од ваков тип.

Луна парк

Можеби сега кај нас повеќе нема Луна парк, но сепак тоа е една одлична опција за прв состанок. На вакво место можете да се насмеете со девојката и да имате различни активности.

Куглање

Ако девојката е некоја која сака да се натпреварува, тогаш на првиот состанок задолжително однесете ја на куглање.

Некаде на пијалок каде што знаете дека има добра забава

Може да се најдат доста локали каде што секоја вечер има некаков тип на забава. Доброто во оваа ситуација е што освен пијалок вие ќе можете и да играте со девојката.

Скокање со падобран

Ако во моментот сте при пари и можете да одвоите поголем буџет, тогаш не помислувајте на вечера или пијалок, однесете ја девојката на скокање со падобран. Гарантираме дека ќе бидете првиот маж кој тоа го направил на прв состанок.

 

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman