Настани

Традиционалното “Волшебно велигденско дрво” во Рамстор Мол

Напишано од The Gentleman

Во пресрет на еден од најголемите Христијански празници – Велигден, традиционално и оваа година ќе се одржи хуманитраната акција “Волшебно велигденско дрво“.

Оранизирана и овозможена благодарение на Црвен крст на Град Скопје и Рамстор Mол во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје, а поддржана од Комерцијална банка АД Скопје, оваа хуманитарна акција е наменета за корисниците од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет“.

Хуманитаната акција ќе трае од 12.04.2021 до 27.04.2021, каде што сите посетители на Рамстор Мол ќе имаат можност да одберат едно или повеќе хартиени велигденски јајца од “Волшебното велигденско дрво“, на кое се напишани желбите на корисниците од Дневниот центар за лица  со церебрална парализа и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет“ и да исполат нечија желба.

Се повикуваат сите граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во оваа акција, за заедно да исполниме желби и да донесеме среќа, сега и во едни дополнително отежнати услови на пандемија, каде што секое дружење и активности се ограничени и сведени на минимум.

Сите заедно да ја подигнеме свеста за надминување на предрасудите и стереотипите за лицата со пречки во развојот, да им го разубавиме овој велигденски празник со исполнување на нивните скромни желби и да им подариме насмевки во овие вонредни услови на живеење.

За авторот

The Gentleman