Кариера

Тренд во Европа! Се повеќе земји се одлучуваат за четиридневна работна недела

Напишано од Mr. M

Откако беше објавено дека финскиот премиер Сана Марин го скратува работното време на четири дена во неделата, данците започнаа и дебата за воведување на четиридневна работна недела. Според официјалното истражување на Агенцијата за статистика, секое седмо лице кое работи во Данска би сакало да работи помалку часови неделно. Резултатите од истражувањето покажуваат дека 16 % од луѓето во земјата ја поддржуваат идејата за работа со скратено работно време.

Инаку, работната недела во Данска трае 37,5 часа, што е помалку од повеќето европски земји, пишува 021.
Луѓето што планираат да основаат семејство, како и оние со универзитетско образование, припаѓаат на група која конкретно изразила желба да го намали работното време.

„Луѓето сакаат да работат помалку откако ќе наполнат 35 години, што е возраст кога многумина почнуваат семејства или веќе имаат мали деца“, рече Мартин Фарис Саваид Нилсен од данската агенција за статистика.
Интересно е што, 7 % од вклучените во студијата рекле дека би сакале да работат повеќе часови отколку што тековно работат.

 

За авторот

Mr. M