Во светот на часовниците

Три “дајвери” кои прават разлика (ФОТО)

Напишано од The Gentleman

Дајверите се едни од најпосакуваните часовници кај мажите. Но, овие три денеска кои ќе ви ги претставиме прават разлика во светот на дајверите.

ORIS Aquis Whale Shark Limited Edition

Две работи кои ORIS ги прави со супер интегритет се дека прават одлични дајвери и што се грижат за животната средина. Овој часовник направен од нерѓосувачки челик 43.5mm со GMT функција има за цел да влијае на спасувањето на ајкула китовите во светот, чија бројка драстично се намалува во последните 75 години.

Традиционалните дајвери немаат некој накит посебен на часовникот, но овој модел има интересни детали кои го прават посебен. Особено кај стрелките.

Ulysse Nardin Diver X Nemo Point 

Постои општоприфатена работа во светот на часовниците а тоа е дека најдобри часовници или дајвери се оние наједноставните, така е поради Panerai’s Luminor, Rolex Submariner и Seiko’s Prospex. Но, овој убавец Ulysse Nardin’s Diver X е сосема спротивно од претходните три наведени.

Исто како и Орис, има декоративни бројки, со изразена текстура. Има резерва од 60 часови.

Bell & Ross BR-01 Diver

Пвеќето часовници се округли. Ноовој часовник има нетипичен дизајн за дајвер. Овој часовник е коцкаст и округол. За многумина нема да бид еимпресивно, но за оние колекционерите, сигурно еден ваков дизајн ќе биде револуција. и, да, со сигурност ќе сакаат да го имаат во својата колекција.

За авторот

The Gentleman