Серии

Три Европски серии кои ќе ве спасат оваа зима

Напишано од Пјер

Иако надвор сеуште есента наликува на лето, сепак мора да се помириме дека зимата набрзо доаѓа. Време од годината кога почесто сме затворени дома, него искочени надвор. Време од годината, кога добра серија и тоа како може да даде забавен шмек на овој период од годината. На страна познатите серии кои веќе сите добро ги знаеме, денес имаме кратка листа од три серии кои доаѓаат од Европско тло. Една од Италија, една од Шпанија, и една од Британија. Да почнеме со ред.

Шпанија – La Casa De Papel. Серија за која сигурно сте слушнале, затоа што веќе е добро познат хит. Темата е грабеж, глумците се одлични. Втората сезона е во тек.

Италија – Gomorrah. Мафијата во Неапол и тоа како ќе ви даде забава оваа зима. Три сезони, перфектна приказна.

Британија – Bodyguard. Една сезона, со најава за втора. Драма до крај, завршница која ретко може да се процени.

За авторот

Пјер