Апликации

Три корисни апликации за ова лето

Напишано од Mr. M

Никој не може да го замисли својот ден без мобилниот телефон, но кога станува збор за апликациите, тие може да ни понудат корисни работи. Главната поента на технологијата е да ја искористиме на најдобар можен начин со цел да си ги олесниме некои работи во секојдневието.

Поради тоа што е лето, денеска ќе ви претставиме неколку корисни апликации

World Lens Translator

Оваа апликација ја користи камерата на телефнот и ви овозможува превод на најпознатите светски јазици, без разлика дали станува збор за текст и ли географски поим или нешто друго што сакаш да го дознаеш додека си во некоја друга земја. Оваа апликација е бесплатна и можете да ја користите и без интернет.

Viator

Станува збор за уште една апликација која што ќе ја сакате. Оваа апликација е еден вид на туристички водич и ќе ви помогне да ги видите најдобрите места од градот во кој патувате. Оваа апликација има база со повеќе од 1000 места.

Roadtrippers

Се што треба да направите е да ја напишете дестинацијата до која сакате да одите и оваа апликација ќе ви помогне да видите и друг работи кои ги имате додека одите на посакуваната дестинација.

За авторот

Mr. M