Стил

Три модели на чанти совршени за еден бизнисмен

Напишано од martin

Месецот јануари важи за еден од најтешките месеци во годината. После новогидшниот период и празниците, не чека повторно работа и справување со секојдневните обврски и предизвици. Враќањето на работата после тој период знае да биде доста тежок доколку сте неорганизирани. Постојано ги барате документите низ Вашата канцеларија или Вашиот дом.

Па доколку сакате да бидетете организирани во најтешкиот месец од годината, зошто да не се подновите со некоја нова чанта. Нашиот тим во соработка со луксузната продавница Luxantica во која што може да се најдат рачно изработени чанти и аксесоари, одбравме три модели на чанти кои се совршени за еден бизнисмен.

Секој бизнисмен или успешен маж, на бизнис патувањата треба да патува практично

Ако вашите работни обврски, бараат да бидете често по патишта и да патувате, треба да знаете дека ви потребен квалитетен сопатник.

Чанта направена за интернационалниот господин. Рачно изработена од висококвалитетна кожа и многу функционална.

За да оставите впечаток на состанокот

Важниот бизнис состанок, подразбира и добар бизнис стил со кој ќе бидете впечатлив. Покрај квалитетн костум, секогаш треба да ги имате на вас и соодветните модни детали кои ќе го направат Вашиот изглед уште подобар. За тие прилики ви ја нудиме оваа чанта која исто така може да се најде во продавницата Luxantica.

Класична чанта со кремаста која. И оваа чанта како и претходната се карактеризира со рачна изработка од квалитетна кожа.

Покажете софистицираност со црна чанта

Влегувате на состанок и првата работа која ја правите е ја ставате чантата на маса. Затоа покажете дека не е обична чанта, дека станува збор за внимателно одбрана, а со тоа покажете дека сте маж со стил. Верувајте првата импресија е секогаш важна. Нашиот предлог е повторно од Luxantica.

Продавницата Luxantica се наоѓа во ГТЦ на 1-ви кат.

За авторот

martin