Кариера

Три важни нешта кога работите од дома

Напишано од Пјер

Оние кои работат од дома знаат колку е тешко да ја одржат мотивацијата, продуктивноста и концентрацијата во услови во кои многу нешта можат да ви го украдат вниманието.

Неверојатно е лесно концентрацијата да ја насочите кон работите кои немаат врска со работата. Фактот дека не сте опкружени со колегите, кои истовремено ви се конкуренција и мотивација, може негативно да влијае на работните навики. Поради тоа постојано мора да пронаоѓате нови начини за да останете мотивирани.

Ви претставуваме неколку совети како да успеете во тоа:

Одржувајте работна рутина

Подгответе се за работа исто како да одите на работа. Држете се до точното време, а местото на кое работите би требало да личи на работните услови во канцеларијата. Исто така, потенцирајте им на домашните дека започнувате со работа, со цел да не ви попречуваат.

Направете листа со обврски

Напишете ги дневните активности кои мора да ги обавите. Тоа ќе ве мотивира да продолжите да работите додека не ја завршите и последната задача. Листата исто така ќе ве мотивира бидејќи прешкртувањто на извршените задачи влијае на вашиот работен елан. Тоа дополнително ќе ви помогне да сфатите колку време ви е потребно за извршување на одредени задачи.

Визуелизирајте ги сопствените цели

Ако вашата цел се сведува на купување куќа, автомобил или некоја поголема деловна позиција, пронајдете фотографија која ги отсликува вашите аспирации и ставете ја на работаната маса. Така секогаш ќе ја имате на ум крајната цел.

Земете пауза

Ако чувствувате недостаток на енергија, нема ништо лошо во тоа да земете кратка пауза. Размислите за краткотрајните активности кои позитивно влијаат на вашиот ум и тело. Меѓутоа не претерувајте со паузите и поставете граница.

Не го прекинувајте работниот процес

Додека трае работното време, не работете други нешта кои не се во деловниот распоред. Тоа е многу важно за одржување на работните навики. Работата од дома подразбира поголемо ниво на самоконтрола и дисциплина.

За авторот

Пјер