Кариера

Трифун Костовски – маж со трајни вредности во Македонија за 2018 година

Напишано од martin

На првиот избор на Мажи на годината во Македонија за 2018 година, кој што беше организран од наша страна заедно со агенцијата за организирање настани Моментум, беа доделени 10 награди во 10 категории. Една од наградите беше Маж со трајни вредности во Македонија.

Според жири комисијата кое што имаше можност да гласа помеѓу номинираните, за маж со трајни вредности во Македонија, најмногу гласови доби г-динот, Трифун Костовски.

Неговата раскошна позадина и многубројните достигнувања се за восхит, а секој од нив оставиле позитивен белег на нашето општество. Почнувајќи од неговата позиција на градоначалник на Скопје, основањето на Фондацијата “Трифун Костовски” при МАНУ, титулите Сопственик на “Кометал Ѓорче Петров”, претседател и спонзор на фудбалскиот клуб “Работнички Кометал” и ФК Вардар, финансиер и поддржувач на голем број невладини организации, болници и социјални установи, на хуманитарни и волонтерски активности, спонзорирање на школување на млади музичари и уметници, донирање во значајни акции и објекти во Скопје  како улицата “Водњанска”, Кеј “13 Ноември”, булевар “Маркс и Енгелс”, споменикот на Мајка Тереза, Црквата Пресвета Богородица, Џамијата во Жупа, како и директен учесник во заштита на националното богатство преку Организацијата ИКОМОС, која официјално се бави со таа дејност во Република Македонија, многу инфраструктурни работи во неколку училишта, гимназии, факултети и села, како и во други градови во земјата, па се до основањето на успешната компанија “Кометал трејд” го прават овој човек фигура за паметење.

За авторот

martin