Бизнис совети

Трик со кој директорот на Google ги инспирира вработените да бидат подобри

Напишано од Пјер

Како што пишува New York Times, Лари Пејџ е познат по тоа што на своите вработени им поставува наизглед едноставни прашања за тоа како ја работат својата работа.

Пејџ го основаше Google со Сергеј Брин, ја реорганизираше структурата на корпорацијата минатата година и стана CEO на компанијата која ја поседува Google – Alphabet.

Пејџ на Fortune Global Forum изјави:

„Навистина сакам да разговарам со луѓето кои ги водат нашите центри за податоци. Ги прашувам, на пример, како работи овој трансформатор овде? Како се напојува? Колку ние плаќаме за тоа? Ги прашувам многу, многу и многу прашања. И размислувам за тоа и како претприемач и како бизнисмен. И размислувам, каде се тука можностите?“

Знаеме што прво помисливте. Делува помалку страшно, зар не? Но, Пејџ тоа не го прави за да ги исплаши вработените, тој е искрено фасциниран од технолошките иноваци. Според статија на „Time“, Пејџ е редовен на конференцииите кои се занимаваат со роботи како и на TED настаните. Неговата нова улога во компанијата Alphabet му овозможува да работи на се – од вселенски патувања до вештачка интелигенција.

Пејџ, исто така, сака да знае што мислат неговите вработени – Зошто работите се такви какви што се, а следното прашање е „Зошто тоа не може да биде поголемо и подобро?“

Поранешните вработени кои говореа за The Times кажаа дека Пејџ сака да ги употреби новите технологии и идеи и да ги прошири на што повеќе области. Така на пример, Пејџ може да праша зошто Google сега не може да предвиди се за нечиј живот.

За авторот

Пјер