Водич за патување

Тропскиот рај во Мексико – Пуерто Ваљарта

Напишано од martin

Некогаш било едно обично рибарско село, а денеска е едно од најубавите места во светот со тропска клима, пејзажи и совршени плажи. Секоја година, се повеќе и повеќе голем број на туристи одат во Пуерто Ваљарта.

Ова место се наоѓа кај планините Сијера Мадреа кои се сретнуваат со заливот Бандерас. Тоа значи дека тука ќе имате можност да уживате во спектакуларен поглед на заливот каде што се гледаат и планините.

Една од работите поради кое ова место е толку популарно е дефинитивно Playa Mismaloya. Филмот на Џон Хјустон од 1964 година The Night Of the Iguana, е токму тука сниман, а голем дел од поставата на филмот Predator со Арнолд Шварценегер, често го посетуваат ова место поради неговие убавини.

Другата работа која треба да ја посетите е дефинитивно Las Islas Marietas. Тоа е мал ненаселен остров каде што може да се видат голем број на животински видови. Тоа некогаш било место каде што мексиканците ги тестирале своите бомби, а денеска е заштитено место во кое што природата е неверојатна.

Следната работа која што паѓа во очи е црквата Gospe од Гвадалупе која посебно се изразува во панорамскиот поглед на Пуерто Ваљарта. Тука има различни видови на спештаи кои може да ги најдете. Од хотели, мотели, апартмани, па се до одмаралишта. Како една од најдобрите опции тука е дефинитивно Hilton хотелот.

Романтичниот и стариот дел од градот е дефинитивно едно од местата каде што може да се видат голем број на луѓе кои седат во кафулињата, рестораните и дизајнерски бутици. Потоа следува Playa los Muertos, многу атрактивна плажа со голем број на атракции.

Она што е многу интересно е тоа што на ова место можете да престојувате во поранешната резиденција на Елизабет Тејлор. Casa Kimberly е дело на познатата глумица и Ричард Бартон.

За авторот

martin