Најново

Убер повторно се ребрендира

Напишано од Nikola

Поминаа помалку од две години од последното ребрендирање на компанијата Убер, а сега се одлучија за уште едно.

Убер очигледно напорно се труди да го поправи својот имиџ по низата критики и проблеми со кои се соочија за само неколку години. Сега компанијата се одлучи за уште едно ребрендирање, кое може да се види како дел од овие напори. За помалку од две години од претходното ребрендирање, компанијата сега уште еднаш го редефинира својот визуелен идентитет, откривајќи го новото лого, кое претставува едноставен збор “Uber“, напишан со посебен фонт.

Новото лого ќе го замени претходното секаде каде што моментално се појавува иконата “Uber“, како што се нивниот Твитер акаунт, веб-страницата и мобилните апликации.

Uber исто така ќе го редизајнира и идентитетот на својот огранок Uber Eats, кој исто така ќе биде претставен со фонтот Uber Move, со голема “U”.

Портпаролот на Uber по повод новиот дизајн изјави: “Со задоволство го претставуваме своето ново, поедноставено лого за Uber апликацијата, кое ја враќа “U“, лесно е препознатливо и прилагодливо за сите 660 и повеќе градови во кои работиме.”

За редизајнот помогна консултанската куќа Wolff Olins, а новиот фонт беше дизајниран од MCKL.

 

За авторот

Nikola