Станува збор за таканаречените Choker ланчиња. Пред некоја година се појавија во модниот свет на девјоките, а крајов на 2016 знаеме да ги најдеме и кај мажите. Тоа се ланчиња во вид на марами (со помала големина), кои стојат залепени на вратот.
Па ајде со време да заборавиме на нив. Немаме ништо против транссексуалниот стил кај момците, но наше мислење е дека овој стил во 90% од случаите ве претставува како несериозна премногу самоуверена особа, а не како моден креативец.
Ретки се тие како Jaden Smith, кој одлично изгледа како заштитно лице на женската колекција на Louis Vuitton. Затоа време е да се уозбилиме.