Мода Успешни приказни

Уште еден модерен Италијанец кој мора да го знаете

Напишано од Mr. N

Luigi Lardini е нашиот човек на неделата.

Модерен Италијане, бизнисмен со успешна приказна, човек од кој многу може да се научи во поглед модата и бизнисот. Дел од фамилијата Lardini, кои се сопственици на модната компанија Lardini Srl, креирана во 1978 од двајца браќа и сестра сите околу 20 години.

Компанијата е оформена во Анкона, и денес истата произведува модни парчиња за најголемите брендови во светот, Dolce & Gabbana, Salvatore Ferragamo, Versace, Valentino, Etro и Burberry.

Имаат и свои специјализирани продавници за машка мода, каде кројат одела по мерка, со главна продавница нормално во Милано, и уште три надвор од Италија.

Иако веќе во години, Luigi живее живот на брзи стази, и неговиот инстаграм профил е задолжителен за следење. Тој е преполн со добра мода, интересни локации, и мотивациски пораки.

Вистинска успешна Италијанска приказна –

За авторот

Mr. N