Технологија

Уживајте во најдобрите серии со новиот Samsung “The Terrace” телевизор

Напишано од Mr. N

Доколку имате куќа и сакате да ставите телевизор надвор на летниковецот или пак да го поставите на некој ѕид, тогаш вашето решение е Samsung “The Terrace” телевизорот.

Новата линија е наменета за надворешна употреба: на пример, на верандата на куќа или пак летниковец. Сите модели се заштитени според стандардот IP55, што значи дека можат да издржат дожд или ветер со прашина, без проблем.

Се разбира, неопходен е и висококвалитетен звук надвор, па затоа Samsung наоѓа решение преку лента за звук заштитена со истиот стандард.

Дополнителната заштита влијае на дебелината на уредите – конктретно на тенките Smart телевизори. Но, од друга страна, вие веројатно нема да обрнете внимание на тоа надвор од куќата.

Samsung “The Terrace” се состои од три модели кои се разликуваат само во дијагонала: 55, 65 и 75 инчи. Сите модели добиваат 4K QLED матрици со врвна осветленост од 2000 лумени, така што дури и со најсилно осветлување, сè е видливо.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. N