Спортски вести

Вардар го објави наследникот на Парондо за новата сезона

Напишано од Mr. N

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја продолжува традицијата со ангажирање на шпански експерти на клупата на шампионскиот тим.

За наследник на Парондо повторно е избран Шпанец, па така од наредната година на клупата на Вардар ќе седи 46 годишниот Давид Хосе Писонеро.

Писонеро претходните две сезони беше тренер на тимот на Ваљадолид, а во Вардар ќе има задача да ја продолжи успешната низа на неговите сонародници, Раул Гонзалес и Роберто Гарсија Парондо.

Од денес и официјално нов предводник на „црвено-црните, Писонеро ќе ја има задачата да состави нов тим кој повторно ќе биде конкурентен на европското тло и ќе оди кон освојување на својата трета титула во Лигата на шампионите.

За авторот

Mr. N