Спорт

Вчера се случи срам за фудбалот

Напишано од martin

Вчера имавме можност да го гледаме вториот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Јувентус од Лигата на Шампионите. Јувентус уште од самиот почеток беа отпишани, никој не веруваше дека може да се случи тие да одат понатаму. Сепак, затоа го сакаме фудбалот, затоа што можеби не често, ама чуда се случуваат. Кога ќе размислиме, и не е некои големо чудо што Јувентус водеше со 3-0, бидејќи Јивентус е веќе со години изграден тим кој е често меѓу најдобрите во Лигата на Шампиони.

Вчерашниот натпревар беше еден од најдраматичните и најдобрите кои што сме ги гледале во псоелдно време. Јувентус успеа да се врати од негативата по првиот натпревар.

Останаа уште последните три минути продолжение кои беа доделени од судијата. Реал Мадрид притисна со нивната препознатлива игра и одеднаш во последната минута се случи нешто што никој не очекуваше. Пенал! Да, пенал за Реал Мадрид. Дали сите познавачи на фудбалот, се свесни што значи да се свирне пенал во таква ситуација на ваков натпревар?

Прво, да расчистиме, и да имало контакт за пенал, тоа не се суди, ама никако не се суди. Второ, стартот не беше за пенал. Дали сте свесни колку чисти пенали не биле досудени во фудбалот? Колку чисти пенали не се судат на некои обични натпревари кои не се толку важни, а тука на еден од најважните натпревари за двата клуба, со изедначен резулата во последната минута од продолжението се свири пенал, каде што секој нормален човек на планетата ќе се замисли дали имало пенал. Никој не може да потврди дека имало пенал, ама баш никој.

Срам за фудбалот и срам за УЕФА ако судијата остане без казна и санкција.

За авторот

martin