Водич за патување

Ве носиме во Тоскана (ВИДЕО)

Напишано од The Gentleman

Додека е пандемија, ние виртуелно ќе продолжиме да шетаме низ светот. Ќе продолжиме да уживаме во убавините на светот. А оваа прилика ја користиме за да ве потсетиме и на убавините на Италија, и да ве натераме со време да планирате да ја посетите оваа медитеранска земја по завршувањето на карантинот.

Денешната тема е средна Италија, односно околината на Тоскана, областа во која главен збор имаат градовите Сиена и Фиренца. Темата на краткото видео се луксузните вили во Тоскана, голем дел достапни на AirBnB, дел претворено во винарии кои се посебен вид на туризам во оваа област.

Затоа завршете со работните обврски, и додека уживате во кафето прошетајте низ Тоскана.

За авторот

The Gentleman