Фитнес

Вежбањето Ве прави попаметни… Да или не?

Напишано од Mr. M

Веќе е познато дека редовното вежбање ве прави поздрави, посреќни и позгодни. Но, дали знаевте дека исто така може да ве направи попаметни? Направено е истражување на млади, здрави мажи кои биле поделени во 4 групи со различен распоред на вежбање, на кои по 4 недели им бил направен тест за меморија и психолошки тестови.

Првата група вежбала секој ден, дури и на денот на тестот, втората исто не но вежбала на денот на тестот, третата група само по еден ден и мажите од четвртата група не вежбала.

Најдобри резултати дала првата група, онаа која вежбала на денот на тестот. Се докажало дека вежбањето кај 60% од луѓето е одговорно за експресија на ген кој помага во мозочната активност, учењето и меморијата – мозочен невротрофичен фактор.

Важно е да се напомене дека важно е континуираното вежбање кое вклучува макар и умерено пешачење, а не ригорозни тренинзи. Физичката активност ја подобрува циркулацијата на крвта, побрзо де испорачува кислород до мозокот што го прави мозокот поактивен или “поостар”. Сега имате уште повеќе причини да излезете и да вежбате.

За авторот

Mr. M