Апликации

ВИДЕО: Дали знаете како се користи Novobox – првата македонска Cloud апликација?

Напишано од martin

Да се биде дел од мапата на светот во трката на технологијата претставува нешто кое нѐ прави особено горди. Претпоставуваме дека досега сте слушнале за Novobox – првата македонска апликација на која можете да складирате и пристапувате до сите ваши податоци во секое време и од било кој уред.

Novobox е апликација која донесе едно освежување на македонскиот пазар но и во регионот, кога се работи за Cloud апликациите. Novobox е едноставна, лесна и достапна од каде и да посакате. Еве како да ја користите во неколку чекори:

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА NOVOBOX

За да започнете со користење на Novobox регистрирајте се преку www.novobox.mk. Таму имате простор за симнување за било кој уред, десктоп, лаптоп, мобилен телефон или пак таблет врз основа на оперативниот систем кој го користите, Windows, iOS, Android.

КРЕИРАЈТЕ ПРОФИЛ

Преку симнување на апликацијата го креирате вашиот профил, брзо и едноставно. Откога ќе го креирате профилот, може веднаш да започнете со користење на Novobox. Можете да пристапувате на вашиот профил од каде и да посакате.

СКЛАДИРАЊЕ И СПОДЕЛУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

На Novobox имате можност да ги прикачувате вашите фотографии, видеа, документи, презентации, фајлови, и тоа брзо и едноставно како никогаш досега. Исто така, можете да ги споделувате вашите податоци со оние кои сакате. Со само еден  линк до посакуваната дестинација и документот може да го преземе оној на кому сте го испратиле. Со Novobox нема потреба од пренос на фајловите на вашиот локален диск па потоа прегледување на омилените видеа. Novobox веб и мобилните апликации имаат вградени медиа плеери со кои директно ја слушате вашата музика или ги гледате вашите видеа, без да ги симнете фајловите. Само стиснете плеј и уживајте.

КОЛАБОРАЦИЈА НА ЕДЕН ДОКУМЕНТ

Една од главните функционалности кога станува збор за работа со документи е колаборацијата. Тоа значи дека на еден документ истовремено може да работат повеќе луѓе. Кога правите групна презентација секој од вас може во ист момент да менува во фајлот.

Novobox е апликација која е поддржана од светски реномираната компанија CenturyLink, еден од лидерите во светот на cloud системите, а официјален партнер за Македонија е оне.Вип кој нуди посебни поволности за своите корисници. Сите кои сакаат да ја пробаат апликацијата имаат 30 дена trial период. Посетете ја веб-страната на Novobox и регистрирајте се, a за повеќе детали погледнете го следното видео.

За авторот

martin