Креатива Стил

ВИДЕО: Моќна кампања на Сара Фешн

Напишано од Mr. M

Минатата седмица се лансираше новата кампања на Сара Фешн по повод дваесет годишнина од нивното постоење. Кампањата ја претставија со моќно корпоративно видео и фантастична фотосесија со која ја најавуваат претстојната сезона.

Кампањата изгледа модерно, софистицирано и урбано, а на неа работеле повеќе од 40 членови, вработени од команијата и соработници за проектот.

Оваа кампања е приказна која сакаме да ја ракажеме. Во неа збруваме за сила, истрајност и посветеност. Зборуваме за раст и развој на компанијата ДеТа, кој всушност означува раст и развој на секој од нас. Брендот СФ е тука за секого, момци и девојки, жени и мажи, дечиња.. секоја возраст има своја приказна со СФ. Сара Фешн е со нив во сите мигови на радост, и затоа сега ја празнуваме таа радост за сите години поминати заедно бидејќи во секој миг, секој ден, секоја година.. СФ е со нас. – изјавија од маркетинг тимот на Сара Фешн.

Колекцијата за есен – зима 2019/20 под името “Тоа што си“ има голем избор на долна облека, пижами, маици, градници, килоти како и хулахопки и чорапи. Памучни, тантелни, класични или дезенирани, има модели за сечиј вкус, задоволувајќи ги различните потреби на потрошувачите.

Повеќе детали за кампањата и колекцијата можете да пронајдете на нивниот Фејсбук и Инстаграм профил, а ние се приклучуваме на честитките за нивниот јубилеј.

 

За авторот

Mr. M