Успешни приказни

Владимир Стајиќ – Менаџер на годината до 40 години

Напишано од Пјер

Владимир Стајиќ, генерален менаџер на компанијата Gulf Oil за Mакедонија, беше избран за Маж менаџер на годината до 40 години. На официјалниот избор на Мажи на годината оваа година која се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje друштво на Владимир Стајиќ му правеа уште 12 најуспешни мажи на годината во различни категории.

Жири комисијата, составена од реномирани членови од потврдени институции, бизнис секторот, новинари, режисери, стилисти и други дејности, на Владимир Стајиќ му ја додели наградата за најуспешен менаџер на годината до 40 години, поради неговите изразени квалитети и професионалност, базирани на работењето и општествената одговорност, како успехот кој го бележи со неговата компанија. Човек кој е навистина успешен во она што го прави. Филантроп кој помага во развојот на нашата заедница, во развојот на спортот во Македонија без разлика дали се работи за кошарка, одбојка, ракомет, автомобилски или мотоциклистички трки, европски и светски шампионати. Освен тоа, секогаш им помага на оние на кои помошта им е најпотребна преку огромен број на донации. Овој човек ја донесе американската компанија Gulf Oil на македонскиот пазар, а успешно работи во нафтената индустрија уште од многу одамна.

Според Владимир Стајиќ Менаџер на годината до 40 години за 2019 година, оваа награда за него претставува мотив и потврда дека е на прав пат и дека она што го прави остава вистински печат во јавноста.

“Најнапред сакам да се заблагодарам на организаторите и жири комисијата што ми ја доделија оваа награда. Да се биде Маж на годината во категорија менаџер до 40 години каде има навистина успешни мажи за мене претставува привилегија. Чест и задоволство ми е што мојот труд и работа се препознаени преку оваа награда. Како човек кој после 15 години на македонскиот пазар успеа да донесе светски бренд во нафтената индустрија преку стратешко партнерство со Gulf сакам да се заблагодарам на мојот тим кои заедно со мене ја прават целокупната слика. Оваа награда за мене претставува мотив и насока да продолжам по патот на кој одам. Уште еднаш благодарност до организаторите Friday.mk и многу успеси во годините.” – изјави Стајиќ

За Маж на годината и Маж странец оваа година беше избран Мислав Галер, како и Божидар Јанковски кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите. За Маж со стил и Маж со трајни вредности наградата ја понесе Енвер Малиќи, а за Млад менаџер наградата отиде кај Ненад Пантовиќ и Крис Поповски. Наградата за менаџер на годината отиде во рацете на Арсим Папранику. За најголем придонес во спортот наградата отиде кај Елиф Елмас, за култура кај Влатко Лозаноски, за општествот кај Филип Ивановски, а Маж на годината во избор на социјални медиуми наградата ја доби Стојанче Стоилов. За прв пат беше доделена и наградата за Хедонист на годината која ја доби Габриел Стибел.

 

За авторот

Пјер