Кариера

Влијанието на Џорџо Армани во светот на модата…

Напишано од martin

Кога ќе се навратиме наназад ќе видиме дека 20-от век е период кога се имаат случено голем број на промени во опшеството. Во овој период се направени голем број на чекори кон поубав и поквалитетен живот на секој човек, со се повеќе слобода да развива свое мислење. Исото се случило и во модниот свет.

Порано голем дел од модните парчиња биле правени по војничките правила, додека само некои ексклузивни парчиња можеле да си ги дозволат само оние побогатите и со подобар статус. Сепак, потоа настанале оние промени кои што доведоа на тоа што можеме да го видиме и имаме денеска. Еден од главните виновници за тоа е Џорџо Армани.

Не може да не се забележи тоа што тој го направил за машката мода.

Тој не бил првиот кој успеал да направи промени во машкиот свет, но е еден од повлијателни кој ги срушил бариерите дека само војниците и богатите можеле на себе да имаат квалитетни парчиња гардероба. После војната немало некои екстремни промени, се до појавата на Армани кој во тој период не бил толку познат, но потоа станал светски гигант.

Тој не донел промени во тоа што мажите да носат, туку што смеат да носат. Светлите бои во дневните комбинаци била една од првите промени кои настанале. Тој успеал да го облекува еден од најпознатите мажи во тоа време, Ричард Гир, а преку него тој покажал како навистина треба да изгледа една машка личност.

И пред да започне да работи со познатиот актер, Армани имал работено на голем број на филмски проекти, но немале толку влијание како соработката со Ричард Гир. Со него Армани почуствувал дека треба да направи промена во машката мода и модернизација.

Денеска Џорџо Армани го знаеме како основач на големата модна куќа и модниот бренд Армани, како личност кој вреди неколку милијарди долари, сепак, тој секогаш ќе биде запамтен како оној кој направил огромни промени во машкиот моден свет.

За авторот

martin