Љубов

Во кино на прв состанок… кул или средношколска лоша идеја?

Напишано од The Gentleman

Нашата анализа има еден единствен одговор – тоа е многу лоша идеја.

Во 2020, во оваа доба на милениумци, треба да ни е јасно дека првиот состанок е тест на здравиот разум. Никој нема време да чека, два или три состаноци за да му стане јасно со кого си има работа. Затоа првиот состанок мора да е на културно тивко место, каде може да се разговара, да се разменат основни мислења и да се запознае првата слика на карактерот со кој си имате работа. Бирајте дали е природа или ресторан/кафуле.

Киното може да постои како опција, но тоа нека биде после трет или четврт состанок, никако за време на прво запознавање. Тука мислиме и на големите кина, но и на домашните кина доколку имате длабок џеб за такво нешто.

На трет состанок после кино се оди на пијачка, на прошетка, каде ќе разговарате за филмот и ќе размените мислења.   Вака полесно ќе најдете тема за која сте сложни, и која заедно ќе може да ја фалите или мразите.

Така да прв дејт никако, после трет дејт слободно може во кино.

За авторот

The Gentleman