Настани

Во сабота од 21 часот на МРТ1 ги бираме најуспешните мажи во Македонија (ВИДЕО)

Напишано од The Gentleman

Едно мало потсетување за сите наши читатели и џентлмени, дека оваа сабота со почеток во 21 часот гледајте го официјалниот избор на Мажи на годината за 2020 година на МРТ1.

Изборот на Мажи на годината во Македонија е прв официјален избор кој се одржа за прв пат во 2018 година со цел да ги препознае најуспешните мажи кај нас. Целта која ја промовиравме во првите две години беше да успееме да ги препознаеме добрите навики и успесите на македонските мажи, и да направиме овој настан да прерасне во традиција. И да бидеме искрени, горди сме што успеавме во целата приказна.

Горди сме особено што во ова “труло” време, време на криза и пандемија успеваме да направиме нешто на кој ќе бидат сите горди. Среќни сме што сме опкружени со луѓе и тим кои се непоправливи оптимисти и кои сакаат да придонесат многу за македонската јавност. и го правиме тоа.

За авторот

The Gentleman