Љубов

Водич за џентлмени: Како да ја освоите девојката од соништата

Напишано од The Gentleman

Многумина од вас имаат некоја девојка која ја сакат, или пак би сакале да ја освојат, и се ќе направат за и таа да ве засака вас. Но, од премногу симпатии да ја освоите лесно може да западнете во една фаза која се нарекува ОЧАЈ.

Но, за да не дојде до тоа, тогаш треба да покажате дека дека вие сте всушност Џентлмен, човек ој ги знае и разбира жените и има големи манири.

Да ја бркате симпатијата или жената која ви се допаѓа тогаш ви требаа перфектна тактика и да пристапите како што доликува на еден џентлмен.

Еве неколку тактики како да ја натерате да ве засака.

Купете и посебен подарок

Еден од најдобрит еначини да покажете внимание спрема неа е да и подарите посебен подарок. Добро размислете што, затоа што некој екстравагантен подарок може да биде погрешно сфатен.

Можеби еден од најубавите подароци за да импресионирате девојка е рози. Комбинација на цвеќе и накит е нешто што секоја девојка ќе ја импресионира. Тоа се подароци кои секоја девојка ги сака, и ги цени.

Немојте да бидете очајни

Девојките мразат очајни момци, а џентлмените не се никогаш очајни. Тоа значи да не бидете момци кои ја форсираат работата премногу. Бидете ноншалантни, умерени и смирени.

Не врачајте на пораките веднаш, не пишувајте веднаш, и не правете планови однапред за многу работи. Џентлменот е секогаш зафатен и речиси нема постојано време за девојки. Но, кога има време тогаш тоа време го посоветува за неа.

Засмејувајте ја

Не е тајна дека жените сакат мажи кои имаат хумор во себе. Ако ја правите да се смее, тогаш вашите шанси се големи за да ја освоите.

Можете да кажувате смешни дешавки или фори, но немојте да претерувате. Подобро да не испаденте кловн и недозреан, туку да бидете шармантни.

Флертувајте

Флертувањето со девојката треба да биде на еден ненападен начин, и треба да го правите според однесувањето на девојката. Кога флертувате правилно секоја девојка се осеќа како кралица.

Флертувајте едноставно, и не претерувајте. На почеток давајте комплименти кои се присебни. Кога ќе започне да ги прифаќа комплиментите тогаш може да бидете малку повече заводливи. Џентлмените не треба да бидат и никогаш не се напорни, и секогаш ја почитуваат жената.

Бидете самоуверени

Самодовербата доаѓа сама по себе кај секого, но таа знае да биде проблем кога комуницирате со девојката која ја сакате. Жените сакаат мажи кои не се плашат да доминираат.

Секој џентлмен е полн со самодоверба, но и добро ја познава границата на самодоверба и ароганција. Маж со самодоверба нема што да докажува, и останува мирен и спокоен во секоја ситуација.

Џентлмен зборува секогаш со убедлив и јак глас. Ако успеет да останете лабави и смирени пред вашата девојка од соништата, тогаш со сигурност ќе ја заинтересирате.

 

За авторот

The Gentleman