Пијалоци

Водич за џентлмени: Како да направите Old-Fashioned коктел?

Напишано од Mr. M

Да се биде џентлмен подразбира и да знаете да направите квалитетен коктел, а еден од омилените коктели на мажите е дефинитивно Old-Fashioned. Овој коктел потекнува од Кентаки од 1880 година, а направен е од Џејмс Пепер.

Што е потербно за да го направите овој коктел со бурбон?

  • 50 мл бурбон
  • една коцка кафен шеќер
  • Сода
  • 2 цртички агностура битер

Најпрво се става шеќерот и се натопува со агностура и сода, потоа се додава кора од портокал па се сипува бурбонот, потоа мешајте.

View this post on Instagram

Tommy.

A post shared by Men's Confidence (@mens_confidence) on

Разликата во ароми се сведува на главните состојки. Бурбонот се препорачува поради тоа што има повисоко ниво на шеќер од фруктоза со благи ароми карактеристични на ржен леб. Сите професионалци кои што прават коктели за Old-Fashioned го користат бурбонот, но доколку сакате поостар вкус, тогаш можете да ставите и виски.

Овој коктел е направен со цел лесно да го конзумирате алхохолот. Кога пиете Old-Fashioned секогаш се препорачува да ставите крупни коцки мраз, а додека го пиете мешајте го од време на време.

За авторот

Mr. M