Пијалоци

ВОДИЧ ЗА ЏЕНТЛМЕНИ: Разлика помеѓу виски и бурбон

Напишано од Mr. M

Можеби сте слушнале и претходно, секој бурбон е виски, но не секое виски е бурбон. Доколку сте обожаватели на пиењето виски или бурбон, треба да знаете да ја воочите разликата.

По дефиниција, виски е дестилиран пијалок направен од ферментирани житарки како пченица, ‘рж, јачмен и пченка кој потоа старее во дрвени буриња. Виски се прави насекаде низ светот и има многу популарни видови како Шкотско, Ирско или Американско. Но најпозната варијатна на Американското виски е бурбонот кој се прави по посебен рецепт.

Бурбонот по оригинален рецепт се произведува во Америка и треба да биде направен од 51% пченка. Исто така, бурбонот треба да се чува во нови јагленисани дабови буриња, додека бурињата за виски треба да се дабови, но не нови или јагленисани.

На крај, за пијалокот да се нарече бурбон треба да се дестилира на не повеќе од 160 степени алкохол и да се стави во бурињата на 125 степени. За другото виски течноста треба да се дестилира на не повеќе од 190 степени.

Бурбонот кога се става во амбалажа треба да е не повеќе од 80 степени. Регулативите за бурбон се доста строги, мора да се дестилира еден производ во една сезона и да се складира во складишта под посебен надзор.

За авторот

Mr. M